ОПШТИ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ

  1. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Овие општи услови се прилог кон Договорот за патување и се негов составен дел. Со потпишување на пријавата-договорот за патување (во понатамошниот текст: ,,Договорот“) со својот потпис Патникот-купувач на патувањето/аранжманот потврдува дека нему и на сите лица-корисници на аранжманот, вклучени во Договорот (во понатамошниот текст ,,Патникот“) му се врачени овие Општи услови на патување (во понатамошниот текст: ,,Општите услови“) и однапред припремена и објавена програма на патување (во понатамошниот текст: ,,Програмата“). При пријавувањето и склучување на Договорот, Патникот потпишува изјава – “Изјавувам дека сум запознат со програмата и со Општите услови на патување, и дека во целост ги прифаќам!” со што Општите услови на патување, стануваат правна обврска за Организаторот и Патникот.

  1. СОДРЖИНА НА АРАНЖМАНОТ

Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на влијание на “виша сила”, која не можела да се предвиди (војна, терористички акции, епидемии, штрајк, елементарни непогоди, сообраќајни и технички проблеми во превозот, или слично).

  1. ПРИЈАВА-ДОГОВОР И УПЛАТА

Пријава-договор за патување се прави во писмена форма, до пополнување на местата, со уплата на аконтација на цената назначена на секоја поединечна програма. Пријави можат да се извршат во агенциите на Т.А. Вел-Јан бр. 1 ДООЕЛ Кочани и во сите други туристички агенции кои имаат склучено договор со Организаторот за посредување на продажба на патување, односно кои се овластени за продажба на нејзините програми за патување. При пријавувањето и склучување на Договорот, Патникот уплаќа аванс  во висина од 30% од вредноста на аранжманот, освен ако не е поинаку договорено или определено во Програмата, а остатокот по потврдувањето на резервацијата од службата за резервации, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот, освен ако не е поинаку договорено или определено во Програмата. Доколку Патникот до тој рок не изврши доплата на аранжманот, Организаторот ќе смета дека Патникот се откажува од аранжманот и ќе ги наплати тошоците за отказ на аранжманот согласно условите од член 6 “Откажување од патувањето” од Општите услови. Доколку дојде до откажување или измена на Договорот, отказните одредби и измени важат за сите наведени патници во Договорот.

  1. ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

Цените за сите патувања/аранжмани се објавени во Денари или во Евра со обврска Патникот да врши плаќање во денарска противвредност според курсот на девизниот пазар  – објавен од страна на Организаторот. Цените се формираат од страна на Организаторот и истите не може да бидат предмет на приговор од страна на Патникот. Со потпишување на Договорот се смета дека Патникот се согласил со цената на аранжманот. Секое барање за дополнителни услуги подразбира дополнителни плаќања. Организаторот го задржува правото за промена на цената на аранжманот во случај на промена на цените на хотелските, превозните и други услуги, како и во случај на промена на девизните курсеви на пазарот. За зголемување на цената до 10% не е потребна согласност од Патникот (се пресметува на остатокот од уплатата). При зголемување на цената на аранжманот повеќе од 10%, Патникот има право да го раскине Договорот без обврска да ја надомести штетата произлезена од отказот. Организаторот го известува Патникот за зголемувањето на цената повеќе од 10 % благовремено, по пат на емаил или во пишана форма. Доколку во рок од два дена од приемот на известувањето, Патникот по писмен пат не го извести Организаторот дека се откажува од Договорот, се смета дека ја прифатил новата цена и должен е истата да ја плати во целост. Доколку Организаторот дополнително објави намалување на цените на патувањето/аранжманот (на пр. специјални понуди или попусти за “last minute“ или било какви други попусти), намалувањето не може да се однесува на веќе склучените договори за патување и не може да биде основ за било каков приговор или рекламација на Патникот кон Организаторот. Во случај Патникот да бара исполнување на дополнителни услуги од понудените во Програмата, Патникот е должен за истите да изврши дополнителни плаќања. Услугите извршени во странство кои не се однапред договорени и платени од страна на Патникот, Патникот ги плаќа на лице место на непосредниот извршител на услугата. За сите дополнителни услуги и плаќања кои Патникот ги врши на лице место на непосредниот извршител на услугата, Организаторот нема никаква обврска и плаќањата извршени од страна на Патникот по овој основ, Патникот нема право да ги бара од Организаторот.

  1. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГИТЕ

Понудените хотели и апартмани се опишани според официјалната категоризација во време на издавањето на каталогот и објавување на Програмата. Квалитетот на услугите го стандардизираат локалните туристички власти. Стандардите на сместување и услуги се различни по дестинации и не се споредуваат. Организаторот не превзема одговорност за било каква друга усмена или писмена информација, која не е во согласност со описот на услугите во понудената програма.

  1. ПРАВО НА ОРГАНИЗАТОРОТ ЗА ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ

Пред почеток на патувањето Организаторот ги има следниве права и обврски: Организаторот има право да ја измени програмата (во времетраењето или содржината) или целосно да ја откаже програмата  во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани. Во ретки случаи кога нема можност за сместување во резервираниот објект, поради технички причини или “over booking” од страна на хотелиерот, Организаторот ќе го смести Патникот според можностите во дадениот момент, во објект од иста категорија или од повисока категорија, без надомест. Во ваков случај, Патникот нема право да го избере објектот во кој ќе биде сместен. Организаторот го задржува правото да го одложи или откаже аранжманот во случај на недоволен број на пријавени патници од предвидениот минимум за одреден аранжман. Во случај на отказ на аранжманот, Организаторот е должен да ги извести сите патници за отказот најмалку 5 дена пред почетокот на реализацијата на аранжманот и да им ги врати во целост уплатените средства најдоцна во рок од 15 дена од денот на откажувањето. За време на патувањето Организаторот ги има следниве права и обврски: – Организаторот на патувањето го задржува правото да го промени денот или часот на патувањето, како и да направи промена на програмата на патувањето и изврши потребни измени во Програмата, доколку се променат условите за патување (променет распоред на лет, принудно слетување, преполна граница или сообраќај, затворање на кое било од назначените места, визни промени, безбедносна состојба, природни непогоди или други вонредни и објективни околности и виша сила) без обврска да плати надомест на штета на Патникот. За промените Организаторот има обврска веднаш и на најпогоден начин да го извести Патникот. Во случај ако Патникот интервенира во извршувањето и спроведувањето на патувањето со грубо и недолично однесување, без оглед на дадените предупредувања, Организаторот може да бара надомест за направените трошоци. Во случај на појава на вонредни околности за време на патувањето што не може однапред да се предвидат, а кои може да се поистоветат со виша сила (терористички напади, вонредна состојба, експлозии, инфекции, зарази, епидемии и други болести, природни непогоди, климатски услови и сл.), двете договорни страни имаат право да го раскинат Договорот, при што Организаторот не сноси одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите. Организаторот не презема никаква одговорност ако Патникот го одбие понудениот превоз со обезбедено средство за транспорт од страна на Организаторот.

  1. ПРАВО НА ПАТНИКОТ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПАТУВАЊЕТО

Патникот има право во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци и надоместокот што му припаѓа на Организаторот како последица на откажувањето, изразен како процент во однос на вкупната цена на патувањето/аранжманот, освен ако не е поинаку договорено или определено во Програмата и тоа согласно следнава скала:

    – за отказ од 90 до 45 дена пред патувањето се наплатува 5%

    – за отказ од 44 до 30 дена пред патувањето 10%

    – за отказ од 29 до 20 дена пред патувањето 20%

    – за отказ од 19 до 15 дена пред патувањето 40%

    – за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%

    – за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%

    – за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.

По исклучок од горенаведеното, ќе се применуваат посебни скали на отказни трошоци во следните случаи:

А) за бродски крстарења 1. Согласно условите за патување кои ќе ги креира давателот на крајна услуга, и ќе зависат од период на патување.

Б) за програми од понудата на ,,Далечни патувања“ 1. Согласно условите за патување кои ќе ги креира давателот на крајна услуга, и ќе зависат од период на патување.

В) за програми од понудата на ученички екскурзии, настава во природа, студентски патувања, конгреси и семинари 1. Согласно условите на патување кои ќе бидат различни во зависнот од Договорот на двете страни и ќе бидат дополнително договорени.

Г) Во случај на отказ на аранжман од страна на Патникот, кој бил уплатен за време на попуст или аранжман од специјалните промоции на агенцијата (т.н first minute, early booking понуди и сл.) за кои цените со попуст важат единствено доколку се уплати износ од 30% или 50% од вкупниот износ на аранжманот до датумот на важност на попустот, уплатениот износ е нерефундабилен, односно не се враќа на Патникот и истиот износ не може да се искористи за друг тип на аранжман. При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот и во Општите услови на патување (член 6 став 1). При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. Во случај на отказ на веќе потврдена “резервација на упит”, Организаторот ќе наплати отказни трошоци во висина на уплатената аконтација. Доколку Патникот благовремено го откаже патувањето, Организаторот има право на манипулативен трошок во износ од 10 € (евра), по пријава-договор. Доколку Патникот го менува терминот на поаѓање на истиот аранжман најмалку 15 дена пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати само манипулативни трошоци во износ од 10 € (евра), по пријава-договор. Доколку Патникот го откаже Договорот непосредно пред патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (ненадејно заболување на Патникот, брачниот другар, дете, родител, брат или сестра на Патникот, посвоителот и посвоеник, смрт на Патникот, брачниот другар, дете, родител, брат или сестра на Патникот, посвоител и посвоеник, елементарна непогода или вонредна состојба, официјално прогласена од надлежен орган на земјата на патување или слично), во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои Организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Оваа ставка не важи за далечни и индивидуални патувања освен ако крајниот давател на услуга прифати за повраток на средства. За наведените случаи, Патникот е должен да му достави на Организаторот доказ од соодветни надлежни органи со кој се потврдува дека Патникот е спречен да го реализира патувањето. Локални терористички напади, експлозија, зарази, епидемии и други болести, елементарни непогоди, климатски услови и сл. за кои нема формално означување како вонредна состојба од надлежни државни органи во земјата на поаѓање или пристигнување, не се сметаат за причина за отказ или престанок на патувањето и Патникот нема право на рефундација на уплатените средства како цена на патувањето. Под ненадејно заболување се подразбира ако е потврдено од овластен лекар, утврдено како ненадејна и неочекувана болест или органско пореметување, кое настанува после склучувањето на Договорот за патување и кое не е поврзано или е последица на претходна здравствена состојба и е од таква природа што бара третман, престој во болница (хоспитализација) и го спречува почетокот односно користењето на договореното патување. Во случај на откажување на Договорот поради настан кој е опфатен со полисата за осигурување, Патникот го остварува своето право директно од осигурувачот. По откажувањето на Договорот, Организаторот нема обврска да му ги врати на Патникот трошоците наплатени за посредување за добивање на виза, како и за платени законски и други трошоци. Доколку Патникот сака дополнително да се осигура од гореспоменатите – непредвидливи причини за отказ на аражманот, настанати во периодот од потпишување на Договорот за патување до почетокот на патувањето, како и за време на патувањето, препорачуваме да се осигура од “ризик на откажување на договорено туристичко патување” кај Осигурителна компанија. Оваа осигурителна полиса може да се договори и уплати на продажното место, истовремено при самата уплата на аранжманот. Доколку Патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту Патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, Организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

  1. ОБВРСКИ И ПРАВА НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО

Организаторот е обврзан да се грижи за реализацијата на услугите и за изборот на извршителите на услугите со внимание на добар организатор, и да се грижи за интересите на патниците согласно со професионалните принципи во туризмот.  Организаторот е должен да му ги овозможи на Патникот сите услуги наведени за поединечниот аранжман во Програмата.

Организаторот е должен да склучува договори само со сообраќајни претпријатија чии превозни средства ги исполнуваат условите определени со пропис од областа на јавниот патен сообраќај, за кои одобрение или лиценца за работа издава и контрола на работењето врши надлежен орган на државата во која се регистрирани. Организаторот е должен да склучува договори и да презема други деловни активности само со угостителски правни субјекти кои поседуваат лиценца и категорија на објектот, за кои одобрение или лиценца за работа издава и контрола на работењето врши надлежен орган на државата во која се регистрирани. Организаторот е должен да склучува договори само со лиценцирани туристички водичи и придружници, за кои одобрение или лиценца за работа издава и контрола на работењето врши надлежен орган на државата во која се регистрирани. Организаторот не одговара за штета која настанала поради грешки во работењето на сообраќајните претпријатија, угостителските правни субјекти, туристичките водичи и придружници, кои не можел да ги предвиди или избегне, а за кои одобрение или лиценца за работа издава и контрола на работењето врши надлежен орган на државата во која се регистрирани. Организаторот не одговара за штета која настанала поради промени во Програмата или неизвршени услуги под дејство на виша сила. Организаторот исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила како и од доцнење на превозните средства, за кои превозникот не одговора според позитивните прописи и меѓународните конвенции. Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколку дипломатско-конзуларното претставништво го одбие издавањето на влезна виза или доцни со издавањето на визата, или ако емиграционото одделение на странска земја не одобри влез на одреден патник. Организаторот на патување не прифаќа одговорност доколку Патникот го изгубил патниот документ, или патниот документ на Патникот е неисправен, со изминат рок или со недоволен период на важност за влез во земјата во која патува. Во овие случаи, Патникот сам ги плаќа дополнителните трошоци и нема право ваквите трошоци да ги бара од Организаторот. Во сите гореспоменати случаи, Организаторот ќе обезбеди соодветна помош на засегнатиот корисник за безбедно враќање од патувањето или остварување на евентуални побарувања од давателот на услугите, но и ќе ги наплати евентуалните трошоци кои ќе произлезат од тие дополнителни услуги.

  1. ОБВРСКИ И ПРАВА НА ПАТНИКОТ

Патникот е обврзан:

  • Детално да се запознае себе и сите лица од Договорот со Програмата, Општите услови, да ги истакне посебните барања кои не се опфатени со објавување на Програмата.
  • Да ја плати договорената цена под условите, роковите и начинот предвиден во Договорот.
  • Да надомести штета која ќе ја направи кон непосредните даватели на услуги или трети лица, со кршење на законски и други прописи и овие Општи услови;
  • Пред потпишување на Договорот, да се информира на сајтот на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија (www.mfa.gov.mk) и на други начини за земјите на таканаречен висок или умерен ризик.
  • Да достави навремено до Организаторот точни и комплетни податоци и документи потребни за организирање на патувањето и да гарантира дека тој, неговите патни исправи, багаж и др., ги исполнуваат условите одредени со прописите на матичната, транзитна и крајната земја на патувањето (гранични, царински, монетарни, здравствени и други прописи).
  • Да се придржува кон куќниот ред во угостителските и хотелските објекти, како и во превозните средства, и да соработува со претставникот/придружникот на Организаторот и извршителите на услугите во добра намера. Во случај на непочитување на овие обврски, Патникот одговара на Организаторот за направената штета. Патниците кои го нарушуваат редот во објектите односно возилото можат да бидат одстранети од аранжманот.
  • Да поседува важечки пасош и да се информира кај Организаторот дали за земјата во која патува (или за земјите низ кои се патува во транзит) е потребна виза, за да таа навреме се обезбеди.
  • Да се информира за девизните и царинските прописи во својата земја и земјите во кои патува.
  • Да се информира за правилата за користење на угостителските и хотелските објекти, со сите пропратни содржини директно кај извршителите на услугите.
  • Да ги чува и лично да одговара, за сите свои документи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето.
  • На лице место, без одложување, да го соопшти оправданиот приговор, по правило во писмена форма на Организаторот или лицата наведени во патната документација.
  • Да се информира кај овластените претставници на Организаторот, најдоцна за 24 часа, но не порано од 48 часа, за точното време на поаѓање и враќање од патувањето.
  1. ПРЕВОЗ СО АВИОН

Превозот на патниците со авион е регулиран со меѓународните правила на авионскиот сообраќај како и правилата на авионската компанија која ја ангажира Организаторот на патувањето. За сите авионски патувања на редовните линии се подразбира превоз на патници во економска класа. Патникот е должен да ја провери својата резервација за лет во агенцијата, најдоцна 72 часа пред полетувањето. Патникот е должен да се информира на аеродромот за местото за чекинг и предавање на багаж во вообичаеното време-час и половина пред полетувањето.

Во случај на промена на предвиденото време на полетување од страна на авиокомпанијата како и задоцнување на авионот (на една или на повеќе редовни линии или чартер-летови во текот на патувањето), Организаторот на патувањето не ја сноси одговорноста за евентуални последици предизвикани со задоцнувањето, како и од промената на времето на полетување и слетување на авионот, туку се применуваат важечките прописи и узанси од областа на авио-сообраќајот за кои Патникот е должен самиот да се информира и запознае. Несогласувањето на личните податоци дадени на организаторот на патувањето со податоците од пасошот на Патникот (како на пример давање на скратени и непотполни имиња од страна на Патникот) често создаваат последици од прогласување на картата за нерегуларна/неважечка, а се јавува потреба за испишување на нови авионски карти, кои како трошок се на товар на Патникот. Овие грешки, можат да предизвикаат сериозни проблеми за патниците во текот на патувањето и се лична одговорност на Патникот. Патникот е одговорен за својата авионска карта од моментот кога ќе ја добие од водичот на аеродром или од службеникот на агенцијата. Не постои можост на издавање на дупликат на карта, како ни бординг карта. Патникот во целост ги носи последиците од губење на картата во текот на патувањето. Доколку Патникот не го реализира патувањето поради горенаведените причини, Организаторот на патувањето нема обврска да изврши рефундација на средствата платени за патувањето/аражманот и нема да се применуваат правилата за виша сила.

10-а. ПРЕВОЗ СО АВТОБУС И АВТОБУСКИ ТРАНСФЕРИ

Превозот со автобус и автобуските трансфери се извршуваат со стандардни туристички автобуси според прописите и критериумите кои важат во земјите во кој е регистриран автобускиот превозник кој го ангажира организаторот на патувањето. По правило, не постои однапред дефиниран распоред на седишта на патниците, ниту пак утврден начин на промена на седиштата по денови во текот на патувањето со автобус. Местата во автобусот се доделуваат последователно според датумот на пријавување на Патникот на аранжманот. Исклучок можат да бидат одредени автобуски патувања, и во таквите случаи ова патување е регулирано со посебна одредба во самата програма на патувањето. Во случај на доцнење на автобусот поради временски услови, вонредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, техничко расипување на истите или слично, Организаторот на патувањето нема да сноси никаква одговорност за ваквото задоцнување. Одредбите во врска со патувањата на брод или железница наведени се во програмите на патувањето во кои е предвидено користење на овие превозни средства.

  1. БАГАЖ

Патникот има право на бесплатен превоз на багаж и тоа до 15 кг на чартер летовите и 20 кг на редовните авионски линии, и едно парче рачен багаж, доколку не е поинаку наведено во програмата. Кај автобускиот слободен или чартер превоз, дозволен е бесплатен багаж од една патна торба (до 20 кг) по патник и едно парче рачен багаж, доколку не е поинаку наведено во програмата. За секој килограм багаж односно патна торба преку дозволеното, превозникот има право за истиот да наплати дополнителни трошоци по килограм/парче или да не дозволи да се транспортира, во зависност од багажниот простор на возилото. Во случај на користење на летови од т.н ниско буџетни авио компании, користењето на услугата бесплатен превоз на багаж е утврдено согласно правилата на авио компанијата со која се реализира летот. Деца до 2 години на авионскиот превоз и деца кои не плаќаат билет во автобусот,  право на бесплатен багаж имаат согласно меѓународните правила. Како багаж, не се дозволува внесување на трговска стока, храна, пијалоци, лекови, наркотици, хемиски и други запаливи средства, оружје, животни, растенија, амбалажи и слични предмети. При внесување и изнесување на багажот од возилото, Патникот со лично присуство одговара за истиот. За време на реализација на аранжманот за багажот се грижи самиот патник. Поради тоа препорачуваме пред патувањето да се направи полиса за Патничко осигурување со осигурување на багаж, преку Осигурителна компанија, која може да се уплати во агенцијата. Организаторот не одговара за уништениот или изгубениот багаж, како и за изгубениот багаж или драгоцености за време на престојот во хотелот (Ви препорачуваме наем на сеф на хотелската рецепција). Доколку трошоците за изнајмување на сефот не се вклучени во Програмата и се доплаќаат како услуга на непосредниот давател на сместувачката услуга, ваквите трошоци ги сноси Патникот и истиот не може да ги побарува ваквите трошоци од Организаторот на патувањето.

  1. ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ И ЗАШТИТА

Патникот е должен да се информира кај надлежната здравствена институција и да ги почитува здравствените прописи за патување во одредена земја (потреба од вакцина или здравствен документ). Во случај на болест или незгода во текот на користењето на аранжманот, трошоците за лечење или евентуални лекарски интервенции ги плаќа Патникот. Поради тоа препорачуваме, пред патувањето да се направи полиса за Патничко осигурување преку Осигурителна команија, која може да се уплати во агенцијата.

  1. СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ И АПАРТМАНИ

Доколу Патникот-закупувач при пријавување во агенцијата на Организаторот на патувањето и склучување на Договорот за патување не договорил соба/апартман со посебни карактеристики, ќе прифати било која официјално регистрирана соба/апартман за сместување во договорениот објект, опишана во каталогот и ценовникот. Доколку е можно, Организаторот ќе се обиде да одговори на дополнителните барања на Патникот (комфор, ориентација на собата, кат и слично) но, не може да гарантира исполнување на таквото барање. Вообичаеното сместување во собите е од 14:00 часот, а напуштањето на собите е до 10:00 часот (доколку во куќниот ред не е поинаку назначено).

13-а. ИНДИВИДУАЛНИ ПАТУВАЊА

Индивидуално патување е комбинација од две или повеќе услуги кои ги обезбедува организаторот на патувањето за потребите и според барањето на  Патникот, кое вообичаено вклучува: услуга за сместување за одредени датуми и/или превоз, локален сервис и сл, а кое патување Организаторот не го нуди како редовна групна програма, туку се организира само за потребите на Патникот. За индивидуални и „резервации на барање“, Патникот уплаќа депозит во износ не помал од 50 евра во денарска проотиввредност според продажниот курс на банките на денот на уплатата. Доколку резервацијата биде прифатена од страна на Патникот, депозитот се пресметува во цената на услугата. Доколку резервацијата не биде потврдена од агентот на услугата во договорениот период, депозитот се враќа во целост на Патникот. Доколку Патникот не ја прифати понудената или потврдена резервација, што е целосно во согласност со барањата на Патникот, износот на депозитот го задржува посредникот за услуги, во целост. Посредникот на услугата, освен во случај на своја немарност и негрижа, не одговара за недостатоците, материјални и телесни оштетувања на индивидуалните туристички патувања, за кои истиот е само посредник помеѓу Патникот и крајните даватели на услуги (на пример: поединечна услуга за сместување, превоз, влезници за спортски манифестации, излети, рент-а-кар и др.). По добивање на доказ за поединечна договорена услуга, договорните услови стануваат важечки исклучиво меѓу Патникот и секој поединечен краен давател на услугата.

  1. РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ

Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите, Патникот има право на соодветно обештетување, исклучиво доколку приложи писмен приговор до Организаторот. Секој патник – носител (потписник) на договорот има право на приговор врз основа на неизвршена договорена услуга. Организаторот нема да прима во процедура групни приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договори врз основа на еден приговор.

Постапка за поднесување приговор:

    – Веднаш на самото место Патникот ја рекламира адекватната услуга кај претставникот на организаторот, а доколку истиот го нема, кај извршителот на услугите. Патникот е должен да соработува со претставникот и со извршителот на услугите во добра намера за да се одстранат причините за приговорот. Доколку Патникот на самото место не го прифати понуденото решение на рекламацијата кое одговара на уплатената услуга, Организаторот нема да ја уважи дополнителната рекламација на Патникот и нема да одговори на истата.

    – Ако причината за рекламацијата не биде отстранета, Патникот за тоа составува со претставникот писмена потврда (записник).

    – Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот, Патникот поднесува писмен приговор во продажното место каде што го уплатил аранжманот, и ја приложува писмената потврда (записникот) потпишана од претставникот како и евентуалните сметки за дополнителни трошоци. Организаторот ќе ги прими во процедура само потполно документираните приговори поднесени во наведениот рок од 8 дена.

    – Организаторот е должен да донесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот на приговорот во продажното место. Организаторот може да го одложи рокот на решението на приговорот заради комплетирање на информациите и проверка на наведените рекламации кај извршителот на услугите. Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на одмор не можеле да бидат отстранети причините кои ги предизвикале.

    – Додека организаторот не донесе решение по приговорот, Патникот се откажува од посредување на било кое друго лице, судска постапка или давање информации во јавните медиуми. Евентуалното непридржување на купувачот-Патникот кон истата, или пак нарушување на отпочнатата постапка со било каква активност спомената или не, дава причина за неприфаќање на приговорот, прекинување на отпочнатата постапка и воедно поднесување на тужба пред надлежните органи од страна на организаторот, за наплата на претрпената штета за нарушен углед во јавноста.

    – Највисокиот надомест по приговорот може да достигне сума до износот на рекламираниот дел од услугите, но, таа не може да ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аранжманот. Со ова се исклучува правото на купувачот за наплата на “идеална штета”.

  1. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ПАТНИКОТ

Личните податоци на Патникот, кои тој доброволно ги дава, се деловна тајна на Организаторот. Патникот се согласува дека Организаторот може да ги користи личните податоци на Патникот за реализација на договорената Програма за патување, каде што адресите, местото, времето и цената на патувањето и имињата на придружниците не смеат да бидат соопштени на други лица, освен на лица согласно посебни законски одредби.

  1. НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ

Во согласност со точка 14. од овие услови, купувачот на услугите од одредена програма има право на рекламација кај Организаторот на патувањето. Доколку купувачот не е задоволен со решението на Организаторот, има право да побара дополнителна арбитража и мислење од страна на Судот на честа при надлежната комора или од страна на надлежниот Суд во местото каде е седиштето на организаторот на патувањето.